ФАТИ ГО ВЕТРОТ, КОРИСТИ ГО СОНЦЕТО е темата на спроведените образовни работилници од страна на Инженерска Институција на Македонија во соработка со Општина Карпош. Најзначаен резултат кој произлезе од проектот е проширеното знаење и зголемената свест кај младите во Република Северна Македонија, почнувајќи од Општина Карпош, за значењето на зелената енергија, како предуслов за подобар квалитет на живот. Избраните ученици беа обучени да ги пренесуваат своите знаење и на другарчињата со цел зголемување на бројот на ученици што ќе бидат упатени во овие значајни теми.

Во рамките на проектот учествуваа 4 основни училишта од Општина Карпош:

1. ООУ„Братство“, одговорен наставник – Петре Крстески

2. ООУ„Јан Амос Коменски “, одговорен наставник – Рада Стаменкоска

3. ООУ„Димо Хаџи Димов“, одговорен наставник – Анкица Николовска

4. ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“, одговорен наставник – Христина Антоноска Борисовска

Учениците работеа постери на следните теми:

1. Патот на електричната енергија

2. Обновливи извори – Енергија на иднината

3. Со штедење на електрична енергија до почиста животна средина

Изработените проекти, во вид на постери ќе се презентираат на завршниот настан на кој ќе се прогласат најдобрите.

Лифлет припрема за печатење.pdf

ООУ „Братство"
ООУ „Братство"
ООУ „Братство"
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ „Димо Хаџи Димов“
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ„Јан Амос Коменски“
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“