Повик за доставање понуди за техничка изработка и печатење на работни материјали за Центар за менаџирање на знаења и вештини во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

  1. Цел на повикот

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.

Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).

Понудувачот треба да обезбеди техничка поддршка на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), за техничка изработка и печатење  на Каталог на обуки во рамки на Центарот за менаџирање на знаења и вештини како дел од за проектните активности на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE).

  1. Цел на Проектот

Преку активностите во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. Активностите ќе бидат спроведувани до 31.10.2020 година.

Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и  градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар за менаџирање на знаења и вештини, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на Проектот..

  1. Спроведување на активностите и очекувани резултати

Со понудувачот ќе се склучи договор за техничка изработка и печатење  на Каталог на обуки во рамки на Центарот за менаџирање на знаења и вештини, согласно динамиката на проектните активности. Согласно утврдената спецификација за потребните материјали, како и според динамиката на проектните активности, ќе се испорачуваат договорените количини од конкретниот материјал. Од понудувачот се очекува испораката на печатените материјали да ја достави најрано во месец ноември 2019 година, најдоцна до 30 ноември 2019 година.

  1. Начин на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба по е-пошта да го изразат својот интерес за добивање барање за доставување понуда на е-адреса: imi@engineer.org.mk. Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 27 септември 2019 година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за техничка изработка и печатење на Каталог на обуки во рамки на Центарот за менаџирање на знаења и вештини, или на телефон +389 2 3229 040, лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за техничка изработка и печатење техничка изработка и печатење  на Каталог на обуки во рамки на Центарот за менаџирање на знаења и вештини е до 27 септември 2019 година (петок), до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Северна Македонија,
во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Документи во прилог: