Доделување на благодарница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” по повод 70 години од основањето на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија

По повод обележувањето на 70 години од основањето, Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија додели благодарница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за долгогодишна соработка и поддршка во афирмирање на инженерството, создавањето на квалитетен инженерски подмладок и стимулирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини.
На ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски благодарницата ја врачи претседателот на Инженерската институција на Македонија проф. д-р Христина Спасевска.