Обраќање на претседателот на Инженерската институција на Македонија по повод промоцијата на монографијата „15 години Инженерски прстен“

Следејќи ги своите заложби да се исправи пред предизвиците – подобрување на општествената клима за инженерството и поттикнување на младите да се определат за инженерска професија – пред 15 години ја понесе задачата да биде глас на инженерството кај младите со етаблирање на признанието Инженерски прстен. Седум години подоцна, на оваа мисија и се придружи и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Од самиот почеток, Признанието го доделува актуелниот претседател на државата, на манифестација што традиционално се одржува во Охрид, во лулката на македонската писменост.
Во годината кога обележуваме јубилеј од признанието Инженерски прстен, треба да го истакнеме неговото значење за сите нас.
Ова Признание за младите добитници, значи успех, но претставува и голема одговорност, не само за нив, но и за нас, што го врачуваме. Да работиме на изнаоѓање услови за професионален развој на најдобрите млади инженери, што е еден од предусловите тие да останат во својата земја, градејќи успешна кариера.
…дека навистина сме ги одбрале најдобрите, покажува и големиот број добитници што сега се успешни универзитетски професори и истакнати професионалци во струката, како во земјата, така и во странство.
…дека Признанието влијаело во трасирање на нивната успешна кариера, сведочат токму нивните изјави во ова монографско издание……