По 14-ти пат е доделено Признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на 10-те најдобри дипломирани млади инженери од Република Македонија.

06.06.2017 – Свети Наум Охридски
По 14-ти пат е доделено Признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на 10-те најдобри дипломирани млади инженери од Република Македонија.
Златниот инженерски прстен претставува круна од дабови лисја, на чиј што врв е вграден знакот на Инженерската институција на Македонија. Дабовите лисја во Макeдонската традиција, од антиката до денес се симбол на чест, и достоинство на имателот. Ѕвездата од знакот на Инженерската институција го симболизира знаењето и синергијата од сите инженерски дисциплини.
Признанието го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Македонија.