Проф. д-р Христина Спасевска: Поздравен говор по повод јубилејот – 70 години од основањето Инженерската институција на Македонија – ИМИ

Денес славиме голем јубилеј на нашата организација, која секогаш низ времето и општествените случувања, имала суштествена улога при дефинирање на образовните и научните текови во инженерските дисциплини. Таа е единствена професионална организација што овозможува интердисциплинарана соработка за развој, унапредување на науката и создавање на квалитетни инженерски кадри. Токму затоа, јубилејот го обележуваме со мотото – Интердицисплинарно инженерство, за наука, иновации и технолошки развој.
Потврда за важноста на нашето дејствување како организација е доделувањето на признанието, Повелбата на Република Македонија, од страна на претседтелот, д-р Ѓорге Иванов, по повод 70 години од основањето на ИМИ како професионална и научнo-стручна асоцијација.
Во рамките на обележување на големиот јубилеј, ИМИ иницираше низа активности, меѓу кои подготовка на ДЕКЛАРАЦИЈА за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини, потпишана од претседателите на 20-те наши здрженија, сојузи и асоцијации и објавување на монографија насловена како ИМИ = ИНЖЕНЕРСТВО – МОТИВАЦИЈА – ИНОВАЦИЈА.
Наместо моето обраќање да се свртам кон минатото, каде многу наши колеги, со својата пожртвуваност и упорност, успеале да ја етаблираат организацијата, за што сме длабоко благодарни, јас зборувам за сегашноста и иднината.
Во време на невреме, кога општествената клима целосно не окупира и ја фрла во сенка креативноста, потребата за творење и научна работа, визионерството на инженерите им овозможува, и покрај сė, да продолжат со создавањето на нови дела: проектирање и изградба на стратешки објекти, укажувања за подобри закони, создавање услови за задржување на младите инженери, кои несомнено се конкурентни на меѓународниот пазар на трудот. Впрочем, инженерскиот начин на размислување, навиките за работа и прецизноста во реализација на проектни активности, дава можност да гледаме чекор понапред, дека се е менливо и покрај сė, треба да бидеме свртени кон иднината, затоа што токму ние, наставниците и професионалците во компаниите, сме должни да им помогнеме нашите млади колеги, во трасирањето на патот пред нив.
Несомнено, за остварување на оваа цел, значаен сегмент од нашето заедничко дејствување како организација на професионалци, треба да биде свртен кон младите. Оние, во средношколските клупи, кои сė уште размислуваат каде да го продолжат своето образование, со недоумица што е подобро, да се биде правник, банкар или пак инженер. Но и кон оние кои ја имаат во рака инженерската диплома и се наоѓаат на крстопатот, што понатаму. Дали овде, дома, или во странство? Дали доволно сум научил? Дали на интервјуата за работа ќе покажам што знам? Или, кон оние, кои веќе се качуваат по склаилата на успешна професионална карира, но им треба уште многу нови практични знаење, и секојдневно надоградување.
Инженерската институција на Македонија, заедно со Комората на овластени архитекти и овлестени инженери го доделува признанието инженерски прстен што има за цел да се промовираат инженерските науки кај младите, а кај новите дипломирани инженери да се поттикне професионалното усовршување. Но сепак, сė уште останува потребата од создавање на нови механизми и можности за доживотно надоградување и учење.
Исто така, ИМИ, како рамноправна членка на Асоцијацијата на европските национални инженерски организации, учествува во иницијативи со кои ќе се зголеми препознатливоста на нашите инженери во регионот и Европа.
Нашите интереси се повеќе треба да се насочуваат кон активности што ќе овозможат подобрување на соработката за научни и апликативни истражувања, како и развојот на иновативната мисла и претприемништвото кај инженерите. Глобализацијата на пазарот на трудот, валоризацијата на образованието, изразено преку соодветни компетенции, бара создавање на национални политики што со сигурност не би можеле да се креираат без мислењето на струковите инженерски организации, каде ИМИ, исто така, треба да има значајна улога.
Денешницата покажува сериозно, организирано изразување на граѓанските ставови и вообичаено е во таа плејада на различности, нај нагласени да бидат токму оние што се однесуваат на подобрување на фундаменталните човекови права.
Сепак, не помалку значајно е мислењето на професионалните организации, што може директно да влијае врз целокупниот развој на државата, особено во сферата на образованието, науката и новите технологии. Секојдневието бара професионалци со интегритет што ќе носат стратешки одлуки и имаат визија за подобрување на квалитетот на живеење. Волонтерскиот ангажман во нашите здруженијата е за почит, особено што секогаш постои реален предизвик да се оптимизира ангажманот надвор од работните задачи.
Затоа денес, на овој свечен настан, среќна сум што имам можност да се заблагодарам на:
• сите поранешни претседатели на ИМИ, дел присутни овде, за нивното залагање да опстои оваа голема мултидициплинарна организација,
• на претседателите и членовите на здруженијата за спроведувањето на значаен број активности – конференции, симпозиуми, дебати, со цел истакнување на инженерската мисла и зајакнување на меѓусебната соработка,
• на универзитетите – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Гоце Делчев и нивните технички факултети кои што во изминиатиот период дадоа сестрана подршка на нашата организација во промовирање на инженеството кај младите,
• на младите инженери – членови на Клубот на носители на инженерски прстен, кои преку сопствениот пример ги запознаваат младите за можностите при изборот на професионална кариера во областите од техниката, но да ни укажат нам, повозрасните, кои се нивните потреби за непречено да творат и бидат успешни,
• на македонските компании, без чија подршка не ќе можеме да ги остваруваме наште активности.
Благодарност до Комората на овластени инженери и овластени архитекти за партнерството во низа активности меѓу кои е и Признанието инженерски прстен, но и за тоа што ја согледа важноста на нашата организација во инженерството и даде иницијавата за доделување на Повелбата на Република Македонија.
Исто така, голема благодарност на сегашниот и поренешен претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски за нивното покровителство на Признанието инженерски прстен.
И како што рекол големиот Никола Тесла: „Да оставиме иднината да зборува за вистината и да даде оценка за секој, според неговите дела и достигнувања. Ако сегашноста е на сите, иднината за која што навистина сме работеле е само наша! ”
21.12.2016