Трилатерална средба на претставници од Инженерската институција на Македонија со колеги од Бугарската федерација на научни и технички асоцијации и Сојузот на инженери и техничари на Србија

Трилатерална средба на претставници од Инженерската институција на Македонија со колеги од Бугарската федерација на научни и технички асоцијации (http://fnts.bg/en/) и Сојузот на инженери и техничари на Србија (http://sits.org.rs/) на 29.03.2018 година во Софија. Средбата се одржа по повод обележувањето на 125 годишниот јубилеј на Бугарската асоцијација на инженери и архитекти. Трите организации се договорија за конинурана соработка на заеднички проекти од значење за инженерството.