ПОВИК ЗА ПРЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПРОЦЕНУВАЧИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВАЛИДИРАЊЕ НА НЕФОРМАЛНО И ИНФОРМАЛНО УЧЕЊЕ ПРЕКУ ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење” (TRAINEE)

Цел на повикот

 

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите. Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020″ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија”, под повикот за „Енергетска ефикасност” ЕЕ-2016-2017). Понудувачот треба да обезбеди техничка поддршка на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење” (TRAINEE), преку ангажирање проценувачи во процесот на валидирање на неформално и информално учење преку Препознавање на претходно знаење и вештини како дел од за проектните активности на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење” (TRAINEE).

 

Услови за пријавување

 

Учесник во процесот на валидација може да биде лице кое има најмалку 18 години.

1. Кандидатите треба да имаат завршено:

• најмалку VI степен на квалификации според НРК (завршени студии со најмалку 180 ЕКТС).

2. Стручни компетенции и работно искуство:

• забележителна стручност во областа во која ќе биде ангажиран како проценувач

• најмалку 3 (три) години работно искуство во струката односно занимањето за кое се однесува проценувањето

 

Потребна документација:

 

 пополнет пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ (објавен на интернет страната на ИМИ http://engineer.org.mk/);

 останатите документи (копија од диплома за завршено образование, сертификати од обуки, објавени трудови,доказ за работно искуство во струката и слично ќе бидат побарани на увид)

Рокот за поднесување на понудите за ангажирање како Технички секретар на Центарот за менаџирање на знаења и вештини е до 7 фебруари 2020 година (петок), до 15:00 часот.



Дополнителни документи