Повик за пријавување на преведувачи за симултан превод на Националната конференција за промоција на БИМ во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

1. Цел на повикот


Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во
насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за
имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.
Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма
„Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска
ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).
Понудувачот треба да обезбеди услуги во рамки на Проектот „Пазарно
ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE),
за директен и симултан превод на организиран настан Национална
конференција за промоција на БИМ.



2. Цел на Проектот


Преку активностите во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини
за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), ќе се иницира
прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на
пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи.



3. Техничка спецификација за вршење услуги


Инженерската институција на Македонија ќе склучи договор за реализација
на предметот на набавката со најмалку тројца понудувачи чија понуда ја
избрал како  најповолна за следната услуга:
-Симултан усмен превод од македонски на англиски јазик и обратно при
реализација на настан за помал број на учесници ( 30 учесници)

Со селектираните преведувачи ќе се склучи договор за симултан превод на
Националната конференција за промоција на БИМ, која ќе се одржи на 28
септември 2020, согласно динамиката на проектните активности. Испораката
на договорените услуги ќе се одвива согласно утврдената спецификација за
потребните услуги, како и според динамиката на предметниот настан. Од
понудувачот се очекува испораката на договорените услуги да се реализира
за време на настанот Национална конференција за промоција на БИМ на
28.09.2020 година.


4. Начин на пријавување и избор


Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
-Пријавените кандидати треба да имаат најмалку 18 години.
-Минимум 5 годишно искуство со превод и лектурирање  од англиски јазик 
на македонски јазик и обратно

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите пријави по
е-пошта на е-адреса: office@engineer.org.mk или преку архивата на
Инженерската институција на Македонија. Дополнителни прашања
заинтересираните преведувачи можат да достават до 11 септември 2020
година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за
пријавување на преведувачи за симултан превод на Националната
конференција за промоција на БИМ, или на телефон +389 2 3229 040, лице
за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за симултан превод на Националната
конференција за промоција на БИМ е до 11 септември 2020 година (петок),
до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија,
во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Документи во прилог: