Повик за доставање понуди за организирање на виртуелна конференција во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

1. Цел на повикот



Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во
насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за
имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.
Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма
„Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска
ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).
Понудувачот треба да обезбеди услуги во рамки на Проектот „Пазарно
ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE),
за организирање на виртуелна конференција.



3. Спроведување на активностите и очекувани резултати



Со понудувачот ќе се склучи договор за организирање на виртуелна
конференција согласно динамиката на проектните активности. Испораката на
договорените услуги ќе се одвива согласно утврдената спецификација за
потребните услуги, како и според динамиката на проектните активности. Од
понудувачот се очекува испораката на договорените услуги да се реализира
за време на настанот Меѓународна работилница за ЕУ реплицирање на
проектните резултати на 30 и 31. 10. 2020 година.



4. Начин на пријавување и избор



Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите понуди по
е-пошта на е-адреса: office@engineer.org.mk или преку архивата на
Инженерската институција на Македонија. Дополнителни прашања
заинтересираните понудувачи можат да достават до 26 октомври 2020
година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за
организирање на виртуелна конференција, или на телефон +389 2 3229 040,
лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за организирање на виртуелна
конференција е до 26 октомври 2020 година (понеделник), до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија,

во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Документи во прилог:
  Документи во прилог:
* Одлука за започнување на постапката
* Повик за доставање понуди
* Барање за доставање понуди

Документи во прилог: