46-тата Европска конференција за млади инженери на тема Bridging Engineering Perspectives за прв пат се одржува во Република Северна Македонија и има за цел да направи спојување на млади инженери од различни здруженија во Европа за да споделат знаења и да развијат лични и професионални вештини.

Bridging Engineering Perspectives е темата на оваа конференција која нуди иновативни панел сесии, работилници, презентација на компании и препознавање на новите предизвици на индустрискиот сектор. Генерални директори, универзитетски професори, експерти и професионалци од неколку индустрии ќе имаат можност да ги пренесат своите знаења, со цел младите инженери кај нас, а и во цела Европа да ги осознаат практиките и проблемите во инженерскиот сектор, притоа дефинирајќи ги нивните решенија.

Покровител на конференцијата е Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

http://eyeohrid2020.engineer.org.mk/

 

Регистрација

Партиципацијата на конференцијата Bridging Engineering Perspectives е 35 евра, освен за членови на организациите членки на European Young Engineers истата изнесува 25 евра.

Инженерската Инситуција на Македонија и нејзините спонзори ЕВН Македонија и ОКТА АД Скопје, ќе поддржат 100 македонски млади инженери да учествуваат на конференцијата со котизација од 1200 денари, односно 600 денари за членови на Клубот на млади инженери.

Селекцијата на учесниците ќе биде по принципот: ,,Прв дојден, прв услужен”.

Рокот за пријавување и плаќање е 27-ти октомври 2020 и истото може да се направи на следниот линк:

https://forms.gle/fFbzLz5aPHt9rK5y8

 

Трансакциска сметка: 300000000164839

Комерцијална Банка АД Скопје