КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Безбеден прекуграничен транспорт на опасни материи

Проиритетна оска:       Заштита на животната средина – транспорт

Тематски приоритет:   Промоција на одржлив транспорт и подобрување на јавната инфраструктура

Специфична цел:        Подобрување на јавната инфраструктура  за намалување на времето на превоз, безбедно преминување на границите и промоција на енергетска ефикасност кон зелен транспорт

ПРОГРАМА НА КОЈА СЕ АПЛИЦИРА: INTERREG IPA CBC Programme

Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020

НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ СО АКРОНИМ:

(на англиски јазик)

Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ СО АКРОНИМ:

(на македонски јазик)

Сигурен прекуграничен транспорт на опасни материи – СТРАС
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 2 години
ПАРТНЕРИ ОД ЕУ: Александар – Технолошки Институт од Солун, Р. Грција

Грчка комисија за атомска енергија, Р. Грција

Аристотел Универзитет од Солун, Р. Грција

ПАРТНЕРИ ОД РМ: Дирекција за заштита и спасување

УКИМ – Машински факултет – Скопје

Инженерска институција на Македонија

Раководител на проектот за ИМИ Д-р Милорад Јовановски, редовен професор

Основната идеја на проектот се појавува од зголемената грижа на меѓународната заедница од таканаречената валкана бомба и нејзиното произвоатво од страна на терористички групи. Оваа проблематика станува многу актуелна особено по страшните терористики напади во Брисел и извештаите кои прикажуваат дека се работело на собирање радиоактивни материјали за производство на валкана бомба.

Грција и Република македонија од 2004 имаат поставен монитор за за радијација на меѓусебната граница, во случај да треба да се спречи ваков развој.

Проблемите во соработката помеѓу двете страни се во процедурите и начините на соработка поради кои некогаш настанува одолговлечување на постапките за превоз на карго роба. Познато е дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите во развој е превозот на радиоактивна стока , особено нелегален транспорт на радиоактивен материјал.

Проектот се занимава со зелен транспорт и еден од најголемите предизвици е намалување на ризиците поврзани со загадување од опасни материи.

Проектот има поставено идеја и цел кон воспоставување на опен дата концепт за подобрување на слободната комуникација помеѓу партнерите  воспоставување лесен простап до потребните информации.

Предизвици со кои треба да е соочиме се:

  • Предлози и имплементација на неколку начини за детекција и локализација на радиоактивно извори во карго превоз и возила кои ја преминуваат границата, со употреба на комбинација од мерки и опрема;
  • Предвидувае на можните ризици од несреќи со опасниот отпад. Да се предложат добри инженерски практики во начинот на презов кои може да ги намалат ризиците при транспортот и посочување на опасни места во пограничките региони.
  • Да се заштитат луѓето од радиолошки зрачења по справувањето со опасните несреќи. Да е направи проценка на ризикот на вклучениот персонал и потенцијалната дисперзија на загадувањето.
  • Да се постави отворена врска за комуникација помеѓу двете страни.
  • Да се воспостават протоколи за ургентна реакција во одредени случаи.

Главни групи кон кои е насочен проектот се: царината, граничната полиција, возачите, активните граѓани, групи кои се занимаваат со јавното здравје, локалните заедници и сл.