Трилатерална средба на претставници од Инженерската институција на Македонија со колеги од Бугарската федерација на научни и технички асоцијации (http://fnts.bg/en/) и Сојузот на инженери и техничари на Србија (http://sits.org.rs/) на 29.03.2018 година во Софија. Средбата се одржа по повод обележувањето на 125 годишниот јубилеј на Бугарската федерација на научно технички сојузи. Трите организации се договорија за конинурана соработка на заеднички проекти од значење за инженерството.    Повеќе →

На 6 јуни 2017 година свечено беше врачено признанието “Инженерски прстен”. Свеченоста беше одржана во Св. Наум, Охрид.Повеќе →

ИМИ ДЕНЕС Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови. Инженерската институција на Македонија е единствена професионална, вонпартиска и непрофитна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија. Таа ја црпи својата енергија токму од волонтерскиот ангажман и преданоста на група истакнати инженери, стручњаци и универзитетски професори,Повеќе →

Конференцијата е организирана за прв пат во регионот и нејзина цел е да се подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во енергетскиот сектор, идентификување на стратегии и програми за забрзување на рамнотежата меѓу половите и да служи како платформа за споделување знаење и искуства за лидерите, вработените и стручните лица од енергетскиот сектор. Исто така, конференцијата ќе служи и како катализатор за размена на знаења и соработка, додека се создаваат релации и професионални мрежи.Повеќе →

Доделени признанијата на најдобрите дипломци Со цел да се промовира и потикне афирмативен однос кон знаењето како еден од клучните елементи за личен општествен и цивилизациски развој, Инжинерската институција на Македонија секоја година им доделува на најдобрите дипломирани студенти од факултетите коишто негуваат инженерски дисциплини, Инженерски прстен.Повеќе →