Инженерски прстен

Со цел да се промовира и потикне афирмативен однос кон знаењето како еден од клучните елементи за личен општествен и цивилизациски развој, Инжинерската институција на Македонија секоја година им доделува на најдобрите дипломирани студенти од факултетите коишто негуваат инженерски дисциплини, Инженерски прстен.

Како признание, Инженерскиот прстен ги промовира инженерските науки кај идните млади инженери и ги потикнува за натамошно професионално изучување, со главна цел формирање на квалитетен инженерски подмладок што ке биде движечка сила во технолошкиот развој на нашето општество.

Прстенот претставува круна од дабови лисја на чиј врв е вграден знакот на Инженерската институција на Македонија. Во македонските интелектуални кругови од антиката до денес, дабовите лисја се симбол на чест и достоинство. Ѕвездата од знакот на Инженерската институција на Македонија го симболизира знаењето, кое што во нашата институција е синергија од сите инженерски дисциплини.