м-р Саша Хаџи Јорданова

Саша Хаџи Јорданова

 

Изврешен директор на Инженерската институција на Македонија

Универзитет Св. Кирил и Методиј,

Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје

Дипломира на Факултетот за електротехника и информациски технологии кај професор Георги Димировски со тема “Fuzzy логички базиран управувач кај интелигентен роботски систем”. По извесен период на истиот факултет го брани магистерскиот труд „Управување на сообраќај во населени места” кај професор Миле Станковски. Подоцна следи обука за Енергетска ефикасност во организација на Машинскиот факултет Скопје и успешно го положува испитот за енергетски контролор. Одлично ги владее англискиот и италијанскиот јазик во пишана и говорна форма. Учествува во организација на следните настани: организирање на манифестацијата Инженерски прстен во период 2008-2017 година, ЦЕИ – работилница ,,Нови граници на евтини фотонапонски соларни келии“ (2008), ЦЕИ – работилница ,,Можност и предизвици за зелената енергија (2011), организирање на Генерално собрание на ФЕАНИ во Скопје – (октомври 2013)…