проф. д-р Даме Димитровски

Даме Димитровски
Генерален секретар на Инженерската институција на Македонија
Институт за гасна техника
Универзитетски професор
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Машински факултет, Скопје

Доктор на технички науки. Дипломиран машински инженер. Истражува во полето на
моторите со внатрешно согорување, енергетските трансформации, управувањето со
отпад и загадувањето и заштитата на животната средина од енергија и транспортот.
Димитровски членува во многу професионални здруженија и организации, ја предводи
инженерската секција на Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА) за Ма-
кедонија, го предводел одделението за енергетска ефикасност во Комората на овлас-
тени архитекти и овластени инженери, бил претседател на ТК27 во Институтот за стан-
дардизација, член е на Институтот за согорување (балканска секција) и други. Во 2006
ја издава монографијата „Намалување на загадувањето во градот Скопје со замена на
постојни горива со природен гас“, за која е предложен за наградата „Гоце Делчев“. До-
битник е на инженерски прстен, стипендист на светската научна организација при ОН,
стипендист на JFDP програмата и др. Досега објавил повеќе од 30 научни и 10 стручни
трудови од кои 12 во релевантни списанија. Коавтор е на два учебници. Учествувал во 7
научни или научно-истражувачки меѓународни проекти. Во практиката, автор е на преку
50 проекти од областа на термотехничките и термоенергетските инсталации, енергет-
ската ефикасност и животната средина.