проф. д-р Христина Спасевска

Христина Спасевска

Претседател на Инженерската институција на Македонија

Здружение на инженерите по физика

Универзитетски професор

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,

Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Христина Спасевска е поранешен продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери е активна уште од нејзиното основање како член на Комисијата за преглед на документацијата за издавање инженерски овластувања во Одделението за животна средина, а од 2016 година е и негов раководител.

Нејзиниот научно-истражувачки ангажман е фокусиран на карактеризација на материјали и нивната примена во нови технологии. Таа е учесник или раководител на повеќе од 15 научно-истражувачки и развојно-апликативни проекти, финансирани од Европската Унија, НАТО, Меѓународната агенција за атомска енергија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Светска банка, но и од македонски компании. Во рамките на овие проекти таа има објавено повеќе од 70 научно-истражувачки, стручни трудови и учебници.

Во текот на својата научно-истражувачка кариера престојувала во повеќе светски центри и универзитети меѓу кои и Интернационалниот центар за теориска физика од Трст, Институтот за наноструктурни материјали од Болоња, А&М Универзитетот во Тексас, Институтот за нуклеарни технологии – Винча од Белград, Бугарската академија на науките, Унивезитетите во Белград, Загреб и Љубљана и други.

Професор Христина Спасевска е претседател или член на организациски или програмски одбор на повеќе меѓународни или национални, научни и стручни, конференции и собири.

Исто така, таа учествува во работата на повеќе институции и професионални здруженија како претседател на Инженерската институција на Македонија (од 2016); генерален секретар на Инженерската институција на Македонија (2007-2016), претседател на Сојузот на здруженија за техничка култура на Република Македонија – Народна техника (2008-2015); раководител на Центарот за сончеви технологии – СОЛТЕК при Факултетот за електротехника и информациски технологии (од 2009), член на Метролошкиот совет на Биро за Метрологија при Министерството за економија на Република Македонија (од 2006); претседател на Здружението на инже-нери по физика (од 2006); потпретседател на здружението за наноматеријали и нанотехнологии – НАНОМАК (од 2006); член на Комисијата за организации со статус на јавен интерес при Влада на Република Македонија (од 2013); член на Комисијата на владиниот проект „Патент МК“ ; член на оперативна група на Проектот Stop Brain Drain при Министерството за образование и наука на Република Македонија.