Снежана Монева

Снежана Монева

Технички секретар, сметководител, благајник и архивар

Инженерска институција на Македонија

 Монева подготвува седници, води записници од седници на Собранија, Управен одбор и другите органи и тела на ИМИ, подготвува семинари, советувања, конгреси, тркалезни маси и други манифестации. Учествувала во подготовка на следните манифестации: 14 манифестации Инженерски прстен во период 2004-2017 година, подготовка на семинар за проектирање, изградба на засолништа и заштитна опрема (1986), Конгрес на инженерите на Македонија ,,Инженерството двигател на новиот милениум“ (2002), подготовки за Генерално собрание на ФЕАНИ (2013), ЦЕИ – работилница ,,Нови граници на евтини фотонапонски соларни ќелии“ (2008) и ЦЕИ – работилница ,,Можност и предизвици за зелената енергија (2011).