Списание

Две децении списание „Инженерство“

ГЛАС НА ИНЖЕНЕРСКАТА МИСЛА

Во годината кога се одбележуваат седумдесет години од постоењето на Инженерската институција на Македонија, како инженерска фела, одбележуваме уште еден јубилеј – 20 години од излегувањето на списанието „Инженерство“.

Сведок на времето на развој на Институцијата и на инженерството во самостојна Македонија. Пред да се „роди“ ова списание, инженерите во Македонија, преку Сојузот на инженери и техни-чари, издавале Билтен по посебни струки, кои биле гласило за прикажување на општествени-от труд на Сојузот и организацијата. Историјата сведочи дека биле печатени Билтен на Сојузот на инженерите и техничарите на Македонија, Билтен за градежништво, Билтен за рударство и металургија, Билтен за земјоделство и шумарство, Билтен за хемија и технологија, Билтен за електромашинство и Билтен за текстил. Овие билтени, всушност, претставуваат предвесник на појавата на ова современо стручно и единствено списание од ваков карактер во земјава.

Првиот број на Инженерство е промовиран и испечатен на Златниот јубилеј 50 години од по-стоењето на Друштвото на инженерите/Сојузот на инженери и техничари/Институција на инже-нерско научни друштва и сојузи на Република Македонија. Тогашниот издавачко-уредувачки одбор, впрочем, ја поставува патеката по која се движи развојот на овој сведок на историјата и предвесник на иднината.

„Списанието на Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија се утврдува со содржински профил на интердисциплинарно и трансдисциплинарно стручно-на-учно списание за инженерско-технолошко творештво со горенаведениот наслов „Инженерство

– списание за инженерско творештво и технологија (англиска транскрипција: ENGINEERING – Journal of Engineering Creation and Technology) ќе претставува основа за неговата меѓународна препознатливост“, стои нотирано во Извештајот од седницата одржан на 04.12.1995 година, кога се воспоставува списанието.

И оттогаш наваму, двасесет години, неуморно ги бележи успесите на нашите колеги – инженери и техничари. Ја нотира сегашноста, говори за минатото и се обидува да ја предвиди иднината. Дава можност стручноста да биде забележана и да сведочи за развојот на инженерството во Македонија.

Ми припадна честа, како актуелен главен и одговорен уредник на Инженерство, да посакам уште многу издадени броеви, да повикам сите заедно да го негуваме ова наше чедо, да му даваме ква-литетна содржина и да му овозможиме, колку што е можно, да ја отсликува инженерската реалност.

Миле Димитровски, главен и одговорен уредник

 

 

Заклучоци и одлуки на Издавачко-уредувачкиот одбор

„Врз основа на заклучокот од Генералното собрание од Двостепеното заседание на Сојузот на инженери и техничари на Македонија-Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија 1994 и соодветните одлуки на Извршниот совет и Управниот одбор, а по извршените претходни консултации и прибирање информации за различни домашни и странски списанија на слични инженерски научно-стручни организации од национален и интернационален карактер, на својот работен состанок од 4.12.1995 година и во полн состав, Издавачко-уредувачкиот одбор ги донесе следниве заклучоци и одлуки за Списанието на Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија:

  1. Списанието на Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија се утврдува со содржински профил на интердисциплинарно и трансдисциплинарно стручно-научно списание за инженерско-технолошко творештво со наслов „Инженерство – списание за инженерско творештво и технологија (и покуса верзија „Инженерство – Engineering) со кратенките СИТТ-JECJ (Journal of Engineering Creation and Technology) ќе претставува основа за неговата меѓународна препознатливост.
  1. Целите на Списанието се утврдуваат не само во смисла на гласило за инженерско творештво, наука и технологија на Македонија, туку и како афирмативно-претставителна и промотивна легитимација на македонската инженерска интелигенција и како форум преку кој ќе се води и јавна, научно втемелена стручна расправа, а тоа значи и општествено промовирање на критичката стручна свест на македонската инженерска интелигенција.
  1. Содржински, тематската ориентација на списанието се утврдува околу интердисциплинарните и трансдисциплинарните тематски области енергија, вода, животна средина, комуникации, материјали, храна и во него ќе бидат печатени применети или теориски текствои со препознатлива инженерско творечка оригиналност од поопшто и потрајно значење и врз основа на три рецензии (две позитивни).
  1. Списанието ќе се издава квартално, а ќе се планира годишно, преку издавачка политика за сите четири броја во годината.
  1. Списанието ќе се обликува во двоколонски формат и според двојазичен издавачки концепт на македонски и на англиски јазик, преференцијално, а со цел и меѓународно пласирање. По исклучок, а по избор на авторите, вториот јазик може да биде германски, италијански, руски, француски или шпански.
  1. Трудовите кои ќе бидат прифаќани за објавување во категориите статија – заокружен инженерско-научен или инженерско-технолошки труд (во обем од 8-12 страници, максимум) и соопштение – покус приказ на нови сознанија односно откритија или научно-критички есеј за/од јавна полемика (во обем од 2-4 страници, максимум), а повремено ќе бидат печатени и поканети тематски статии на докажани и општопознати потврдени творци во инженерството (во обем до еден авторски табак, максимум). Обемот вклучува: апстракт, пет клучни збора, вовед/главен текст (во едно или неколку поглавја) со сите формули, слики, цртежи, дијаграми и табели/заклучно резиме, благодарност, односно признание, референцирана литература.
  1. Авторот, од име на коавторите, потпишува изјава за пренесување на издавачките права (Copyrights) врз институцијата, по авторот и коавторите ги задржуваат врз себе авторството и стручната одговорност за трудот.
  1. Насловната страница на списанието се предлага да биде во црвена боја со насловите и другите написи на македонски и англиски јазик и во жолта боја за да биде симболизирано дека е списание на МАКЕДОНСКАТА инженерска интелигенција.
  1. Списанието ќе се самофинансира по пат на прифаќање технолошко-комерцијални прикази и продажба на сите заинтересирани правни и физички лица во земјата и во странство, како и од донации, а остатокот од приходите ќе претставува составен дел на приходите на Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија, додека во текот на првата година на издавање истото ќе биде потпомогнато и од Институцијата.
  1. По организационо-техничкото и финансиско стабилизирање на Списанието, почнувајќи од и во тек на 1996 година, составот на Издавачко-уредувачкиот одбор и на Списанието на поканети рецензенти ќе биде прошируван од редот на најистакнатите докажани стручно-научни инженерски творци во земјата, како и со поканети истакнати автори од странство.

Печатени списанија од Сојуз на инженери и техничари на Македонија – Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија – Инженерска институција на Македонија

 

1977 прв број на билтенот – списание на Сојузот на инженери и техничари на Македонија (по повод 30 години постоење
на Сојузот на инженери и техничари на Македонија)
1978- 1982 5 броја на билтенот, по еден број годишно
1996 повторно обновено списанието, под името „Инженерство“ – излегуваат 4 броја во текот на оваа година
1997 отпечатени 4 броја на „Инженерство“
1998 отпечатен двоброј на списанието
1999 – 2002 списанието не излегува
2003 отпечатен еден број на списанието „Инженерство“
2004 – 2016 графички и содржински изменето списание, излегува по еден или два броја годишно