проф. д-р Милорад Јовановски

Милорад Јовановски

Потпретседател на Инженерската институција на Македонија

Друштво за геотехника на Македонија

Универзитетски професор

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,

Градежен факултет, Скопје

Својата научно-истражувачка работа ја фокусира во областа на геотехниката како негова потесна област на работа. Објавил повеќе од 150 труда, публикувани во домашни научни списанија и зборници од научни симпозиуми и конференции одржани во Македонија и во странство. Учествувал во 2 научно-истражувачки проекти. Апликативната дејност ја реализира со изработени над 300 стручни труда и два универзитетски учебници.

Членство и функции во научни и стручни институции и организации:

бил декан на Градежниот факултет во Скопје, продекан за финансии, претседател на Друштво за геотехника на Македонија, член на Меѓународно друштво за механика на почви и геотехника, член на Меѓународно друштво за механика на карпи, заменик-претседател на Македонско геолошко друштво, член на Друштвото на механика на Македонија (ДММ), член на друштво за Големи брани на Македонија и член на Управен одбор на Комора на овластени архитекти и овластени инженери (претседател на одделение за геотехника).