Повик за доставање понуди за превод и лекторирање за потребите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

Инженерската институција на Македонија во рамките на проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE) објавува оглас за превод и лекторирање за потребите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини, согласно динамиката на проектните активности. Од понудувачот се очекува испораката на договорените услуги да се реализира најрано во текот на месец фебруари 2019 година а најдоцна во текот на месец септември 2019 година.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите понуди по е-пошта на е-адреса: office@engineer.org.mk или преку архивата на Инженерската институција на Македонија. Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 29 јануари 2019 година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за превод и лекторирање за потребите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини, или на телефон +389 2 3229 040, лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за превод и лекторирање за потребите на Центарот за менаџирање на знаење и вештини е до 30 јануари 2019 година (среда), до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија.

Документи во прилог: