Повик за доставање понуди за организирање настани за промоција на BIM – 3-6та работилница во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

  1. Цел на повикот

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.

Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).

Понудувачот треба да обезбеди услуги за организација на настани во рамки на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), за организирање настани за промоција на БИМ.

  1. Цел на Проектот

Преку активностите во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. Активностите ќе бидат спроведувани до 31.10.2020 година.

Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и  градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар за менаџирање на знаења и вештини, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на Проектот.

  1. Спроведување на активностите и очекувани резултати

Со понудувачот ќе се склучи договор за организирање настани за промоција на БИМ – 3-6та работилница, согласно динамиката на проектните активности. Испораката на договорените услуги ќе се одвива согласно утврдената спецификација за потребните услуги, како и според динамиката на проектните активности. Од понудувачот се очекува испораката на договорените услуги да се реализира најрано во текот на месец април 2019 година.

  1. Начин на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите понуди по е-пошта на е-адреса: office@engineer.org.mk или преку архивата на Инженерската институција на Македонија. Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 19 април 2019 година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за организирање настани за промоција на БИМ – 3-6та работилница, или на телефон +389 2 3229 040, лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за организирање настани за промоција на БИМ – 3-6та Работилница е до 19 април 2019 година (петок), до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија,
во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Документи во прилог: