ДОГОВОР ЗА ЗДРУЖУВАЊЕ ВО ИНЖЕНЕРСКАТА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДOНИЈА

ДОГОВОР ЗА ЗДРУЖУВАЊЕ ВО ИНЖЕНЕРСКАТА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДOНИЈА

ЧЛЕН 1

Постојните членки на Институцијата на Инженерско-научните друштва и сојузи на Република Македонија:

  1. СОЈУЗ НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА
  2. СОЈУЗ НА ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  3. СОЈУЗ НА МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  4. СОЈУЗ НА ГЕОДЕТСКИТЕ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  5. СОЈУЗ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  6. СОЈУЗ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  7. СОЈУЗ НА РУДАРСКИ И ГЕОЛОШКИ ИНЖЕНЕРИ НАМАКЕДОНИЈА
  8. СОЈУЗ НА СООБРАЌАЈНИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  9. СОЈУЗ НА ТЕКСТИЛНИ ИНЖЕНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
  10. СОЈУЗ НА МЕТAЛУРЗИ НА МАКЕДОНИЈА
  11. СОЈУЗ НА ХЕМИЧАРИ И ТЕХНОЛОЗИ НА МАКЕДОНИЈА
  12. СОЈУЗ НА ИНЖЕНЕРИ ПО ШУМАРСТВО, ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ПРЕРАБОТКА НА ДРВО НА МАКЕДОНИЈА
  13. ДРУШТВО ЗА ТЕРМИЧКА ОБРАБОТКА НА МАКЕДОНИЈА
  14. ДРУШТВО ЗА ОСВЕТЛЕНИЕ И ОСВЕТЛИТЕЛНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА
  15. ДРУШТВО ЗА ЕЛЕКТРОНИКА, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ, АВТОМАТИКА И ИНФОРМАТИКА НА МАКЕДОНИЈА
  16. ДРУШТВО НА ТЕРМИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
  17. ЗДРУЖЕНИЕ НA ЕНЕРГЕТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
  18. ДРУШТВО НА БИОМЕДИЦИНСКИ ИНЖЕНЕРИ
  19. МAКЕДОНСКО ГЕОЛОШКО ДРУШТВО

во кои се зачленети и индивидуални членови, се договорија да го продолжат здружувањето како национално научно-стручна и стручно професионална Инженерска институција на Македонија (во понатамошниот текст: ИМИ).

ЧЛЕН 2

Конститутивниот состав, седиштето и атрибутите на правното лице ИМИ се пренесуваат од Институцијата на инженерско-научните друштва и сојузи на Република Македонија. Со тоа, ИМИ е во целост и во секој поглед правен наследник на досегашната Институција на инженерско-научните друштва и сојузи на Република Македонија и сопственик на целокупниот нејзин движен и недвижен имот, како и на сите права и обврски.

ЧЛЕН 3

Се задолжува Управниот одбор на Институцијата на инженерско-научните друштва и сојузи на Република Македонија да подготви Генерално собрание на Институцијата на инженерско-научните друштва и сојузи на Република Македонија, кое истовремено ќе биде Собрание на континуитет на ИМИ.

ЧЛЕН 4

Седиштето на ИМИ ќе биде во Скопје на ул. „Даме Груев“ бр.14а, п.фах 139 во Домот на ИМИ.

ЧЛЕН 5

Определбите на овој договор да се пренесат во Статутот на Инженерската институција на Македонија, кој ќе биде усвоен на Собранието определено со член 3, а кое ќе го сочинуваат по двајца избрани претставници од членките.

ЧЛЕН 6

Договорот стапува на сила од денот на потпишување на најмалку 5 (пет) членки, кои истовремено ќе бидат основачи при регистрација на ИМИ пред надлежниот суд.

 

Инженерска институција на Македонија

Инженерска институција на Македонија е асоцијација на здруженија на инженери и стручни сојузи. Таа е непрофитна, невладина и вонпартиска организација на волонтери што ги здружува сите профили на инженери во Република Македонија за нивна соработка, размена на идеи и знаења.

По повод 70 години од основањето на Инженерска институција на Македонија, како стручно и научно-истражувачка организација, нејзините членки ја донесуваат следнава:

ДЕКЛАРАЦИЈА

за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини

 

Со потпишување на ДЕКЛАРАЦИЈАТА, членките на Инженерска институција на Македонија, согласно своите потреби и можности, се обврзуваат да:

  • дејствуваат согласно стратешките интереси на членовите и за инженерската интелигенција во целост;
  • го стимулираат и координираат работењето и развојот на членките во подрачјата на својата дејност;
  • ја промовираат инженерската професија;
  • го поттикнуваат и помагаат пренесувањето и примената на нови научни знаења во областите на инженерството, како и подобрување на иновативната мисла и претприемништвото кај инженерите;
  • градат заеднички ставови и предлагаат политики за образованието на инженерите согласно европските стандарди;
  • предлагаат политики за препознатливост на инженерските компетенции што овозможува рамноправен статус на меѓународно ниво;
  • ги спојуваат идеите и ставовите на инженерите практичари и инженерите научници и иницираат проекти за подобрување на околината во која живееме;
  • ја подобрат улогата на инженерите во општеството и создаваат услови за квалитетен инженерски подмладок;
  • ги поддржуваат и наградуваат најдобрите дипломирани инженери во Република Македонија;
  • го поттикнуваат професионалното усовршување на младите инженери;
  • фаворизираат концепт на мултидисциплинарна соработка во новите технологии;
  • градат меѓународна соработка со слични институции;
  • соработуваат со стопанството за да се обезбеди технолошки развој на Република Македонија;
  • соработуваат со високообразовни и научни институции за зголемување на научната препознатливост во светски размери.

Скопје, 21.10.2016

 

Асоцијација на здруженија на инженери Инженерска институција на Македонија

Асоцијација за информатички комуникациски технологии – ИК-АКТ

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ

Друштво за геотехника на РМ

Друштво за патишта на РМ

Друштво на градежните конструктори на Македонија – ДГКМ

Здружение за водород

Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија – ЕТАИ

Здружение за истражување и развој – Институт за гасна техника од Скопје – ИГАС

Здружение за наноматеријали и нанотехнологии НАНОМАК – Скопје

Здружение за унапредување на заварувањето – Заварување Македонија

Здружение на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК

Здружение на инженери по физика

Здружение на металурзите на Македонија

Здружение на рударските и геолошките инженери на Македонија

Здружение на сообраќајни инженери на Македонија

МАК ЗЕЕПУ – Македонско здружение за енергетика, електроника, погони и управување

Сојуз на градежни инженери на Македонија

Сојуз на хемичари и технолози на Македонија – СХТМ

ФУЕЛ – Центар за истражување на горива, мазива и мотори