ИМИ денес

ИМИ ДЕНЕС

Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во

Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови

Инженерската институција на Македонија е единствена професионална, вонпартиска и непрофитна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија. Таа ја црпи својата енергија токму од волонтерскиот ангажман и преданоста на група истакнати инженери, стручњаци и универзитетски професори, кои имаат заедничка цел – подобрување на местото и зголе-мување на улогата на инженерите во општеството. Нејзината мисија гласи: Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови. Во Инженерската институција на Македонија активно членуваат 20 струкови здруженија од сите инженерски области.

Инженерската институција на Македонија е регистрирана согласно Законот на здруженија на граѓани и фондациите и согласно статутот, ја има следната организациска структура:
Генерално собрание – во кое по претставнички принцип учествуваат по двајца члено-ви од секое здружение;

Претседател;

Потпретседател;

Генерален секретар;

Управен одбор составен од девет члена, меѓу кои се и претседателот, потпретседате-лот и генералениот секретар на Институцијата;

Надзорна комисија составена од пет члена;

Претседателски совет во кој членуваат претседателите на здруженијата – членки на Инженерската институција на Македонија.

Како посебен ентитет во Институцијата е Клубот на носители на инженерскиот прстен, формиран во 2015 година. Со Генералното собрание и со Управниот одбор раководи Претседа-телот на Инженерската институција на Македонија.

Христина Спасевска

Претседател на Инженерската институција на Македонија Здружение на инженерите по физика Универзитетски професор

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје

Христина Спасевска е поранешен продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери е активна уште од нејзиното основање како член на Комисијата за преглед на документа-цијата за издавање инженерски овластувања во Одделението за животна средина, а од 2016 година е и негов раководител.

Нејзиниот научно-истражувачки ангажман е фокусиран на карактеризација на материјали и нивната примена во нови технологии. Таа е учесник или раководител на повеќе од 15 научно-истражувачки и развојно-апликативни проекти, финансирани од Европската Унија, НАТО, Меѓународната агенција за атомска енергија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Светска бан-ка, но и од македонски компании. Во рамките на овие проекти таа има објавено повеќе од 70 научно-истражувачки, стручни трудови и учебници.

Во текот на својата научно-истражувачка кариера престојувала во повеќе светски центри и универзитети меѓу кои и Интернационални-от центар за теориска физика од Трст, Институтот за наноструктурни материјали од Болоња, А&М Универзитетот во Тексас, Институтот за нуклеарни технологии – Винча од Белград, Бугарската академија на науките, Унивезитетите во Белград, Загреб и Љубљана и други.

Професор Христина Спасевска е претседател или член на организациски или програмски одбор на повеќе меѓународни или нацио-нални, научни и стручни, конференции и собири.

Исто така, таа учествува во работата на повеќе институции и професионални здруженија како претседател на Инженерската институ-ција на Македонија (од 2016); генерален секретар на Инженерската институција на Македонија (2007-2016), претседател на Сојузот на здруженија за техничка култура на Република Македонија – Народна техника (2008-2015); раководител на Центарот за сончеви технологии – СОЛТЕК при Факултетот за електротехника и информациски технологии (од 2009), член на Метролошкиот совет на Биро за Метрологија при Министерството за економија на Република Македонија (од 2006); претседател на Здружението на инже-нери по физика (од 2006); потпретседател на здружението за наноматеријали и нанотехнологии – НАНОМАК (од 2006); член на Ко-мисијата за организации со статус на јавен интерес при Влада на Република Македонија (од 2013); член на Комисијата на владиниот проект „Патент МК“; член на оперативна група на Проектот Stop Brain Drain при Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Милорад Јовановски

Потпретседател на Инженерската институција на Македонија Друштво за геотехника на Македонија Универзитетски професор

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет, Скопје

Својата научно-истражувачка работа ја фокусира во областа на геотехниката како не-гова потесна област на работа. Објавил повеќе од 150 труда, публикувани во домашни научни списанија и зборници од научни симпозиуми и конференции одржани во Ма-кедонија и во странство. Учествувал во 2 научно-истражувачки проекти. Апликатив-ната дејност ја реализира со изработени над 300 стручни труда и два универзитетски учебници. Членство и функции во научни и стручни институции и организации: бил де-кан на Градежниот факултет во Скопје, продекан за финансии, претседател на Друштво за геотехника на Македонија, член на Меѓународно друштво за механика на почви и геотехника, член на Меѓународно друштво за механика на карпи, заменик-претседа-тел на Македонско геолошко друштво, член на Друштвото на механика на Македонија (ДММ), член на друштво за Големи брани на Македонија и член на Управен одбор на Комора на овластени архитекти и овластени инженери (претседател на одделение за геотехника).

Даме Димитровски

Секретар на Инженерската институција на Македонија Институт за гасна техника Универзитетски професор

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Машински факултет, Скопје

Доктор на технички науки. Дипломиран машински инженер. Истражува во полето на моторите со внатрешно согорување, енергетските трансформации, управувањето со отпад и загадувањето и заштитата на животната средина од енергија и транспортот. Димитровски членува во многу професионални здруженија и организации, ја предводи инженерската секција на Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА) за Ма-кедонија, го предводел одделението за енергетска ефикасност во Комората на овлас-тени архитекти и овластени инженери, бил претседател на ТК27 во Институтот за стан-дардизација, член е на Институтот за согорување (балканска секција) и други. Во 2006 ја издава монографијата „Намалување на загадувањето во градот Скопје со замена на постојни горива со природен гас“, за која е предложен за наградата „Гоце Делчев“. До-битник е на инженерски прстен, стипендист на светската научна организација при ОН, стипендист на JFDP програмата и др. Досега објавил повеќе од 30 научни и 10 стручни трудови од кои 12 во релевантни списанија. Коавтор е на два учебници. Учествувал во 7 научни или научно-истражувачки меѓународни проекти. Во практиката, автор е на преку 50 проекти од областа на термотехничките и термоенергетските инсталации, енергет-ската ефикасност и животната средина.

Саша Хаџи Јорданова

Изврешен директор на Инженерската институција на Македонија Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје

Дипломира на Факултетот за електротехника и информациски технологии кај професор Георги Димировски со тема “Fuzzy логички ба-зиран управувач кај интелигентен роботски систем”. По извесен период на истиот факултет го брани магистерскиот труд „Управување на сообраќај во населени места” кај професор Миле Станковски. Подоцна следи обука за Енергетска ефикасност во организација на Ма-шинскиот факултет Скопје и успешно го положува испитот за енергетски контролор. Одлично ги владее англискиот и италијанскиот јазик во пишана и говорна форма. Учествува во организација на следните настани: организирање на манифестацијата Инженерски прстен во период 2008-2016 година, ЦЕИ –работилница ,,Нови граници на евтини фотонапонски соларни келии“ (2008), ЦЕИ – работилница ,,Мож-ност и предизвици за зелената енергија (2011), организирање на Генерално собрание на ФЕАНИ во Скопје – (октомври 2013).

Снежана Монева

Технички секретар и сметководител Благајник и технички секретар-архивар Инженерска институција на Макеоднија

Монева подготвува седници, води записници од седници на Собранија, Управен одбор и другите органи и тела на ИМИ, подготвува и организира семинари, советувања, конгреси, тркалезни маси и други манифестации. Учествувала во подготовка и организација на следните манифестации: 13 манифестации Инженерски прстен во период 2004-2016 година, подготовка и организирање на семинар за проектирање, изградба на засолништа и заштитна опрема (1986), Конгрес на инженерите на Македонија ,,Инженерството двигател на новиот милениум“ (2002), организирање на Генерално собрание на ФЕАНИ (2013), ЦЕИ – работилница ,,Нови граници на евтини фотонапонски соларни ќелии“ (2008) и ЦЕИ – работилница ,,Можност и предизвици за зелената енергија (2011).

ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР

Анка Трајковска Петковска

Здружение за наноматеријали и нанотехнологии – НАНОМАК Универзитетски професор

Технолошко-технички факултет – Велес, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Анита Грозданов

Сојуз на хемичари и технолози Универзитетски професор
Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Мартин Пановски

Асоцијација на архитекти на Македонија Архитект – проектант Радиус архитекти доо Скопје

Ристо Јаневски

Здружение на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК Директор за логистика и услуга на клиенти ОКТА АД Скопје

Свето Цветковски

Сојуз на металурзи Универзитетски професор
Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Грозде Алексовски

Друштво на градежни конструктори Универзитетски професор
Градежен факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНА КОМИСИЈА

Александар Димитров

Здружение на металурзи на Македонија Универзитетски професор

Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Пецo Неделковски

Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија

ИЦС Консталтинг Инженеринг, оперативен директор Македонски телеком

Влатко Стоилков

Македонско здружение за енергетска електроника, погони и управување Универзитетски професор

Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Вулнет Палоши

Друштво за патишта на РМ Универзитетски професор Државен Универзитет Тетово

Стефанка Хаџи Пецова

Универзитетски професор Хортикултурно здружение на Република Македонија

Професор по група предмети од областа на пејзажната архитектура и цвеќарството

Факултет за земјоделски науки и храна

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.