Повик за доставање понуди за техничка изработка и печатење на работни материјали за Центар за менаџирање на знаења и вештини во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

Цел на повикот

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.
Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).
Понудувачот треба да обезбеди техничка поддршка на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), за техничка изработка и печатење на работни материјали за воспоставување и пилотирање на Центар за менаџирање на знаења и вештини како дел од за проектните активности на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE).

Начин на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба по е-пошта да го изразат својот интерес за добивање барање за доставување понуда на е-адреса: imi@engineer.org.mk. Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 20 ноември 2018 година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за техничка изработка и печатење работни материјали за воспоставување и пилотирање на Центар за менаџирање на знаења и вештини, или на телефон +389 2 3229 040, лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за техничка изработка и печатење работни материјали за воспоставување и пилотирање на Центар за менаџирање на знаења и вештини е до 22 ноември 2018 година (четврток), до 15:00 часот, на адреса:

Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија,

во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Документи