Повик за доставање понуди за графички дизајн на визуелен идентитет и промотивни материјали на Центар за менаџирање на знаења и вештини во рамки на ЕУ Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

Цел на повикот

Проектот ќе развие и ќе промовира поддршка на градежниот сектор, во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите.
Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).
Понудувачот треба да обезбеди техничка поддршка на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), со изработка на графички дизајн на визуелен идентитет и промотивни материјали на Центар за менаџирање на знаења и вештини и вештини, како дел од за проектните активности на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE).

Начин на пријавување и избор

Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите понуди по е-пошта на е-адреса: office@engineer.org.mk
или на адреса
Инженерска институција на Македонија,
ул. Даме Груев 14а,
1000 Скопје,
Македонија,

во затворен плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Дополнителни прашања заинтересираните понудувачи можат да достават до 19 декември 2018 година, на е-адреса: imi@engineer.org.mk со назнака: Повик за понуди за графички дизајн на визуелен идентитет и промотивни материјали на Центар за менаџирање на знаења и вештини, или на телефон +389 2 3229 040, лице за контакт: м-р Саша Хаџи Јорданова, извршен директор на ИМИ.

Рокот за поднесување на понудите за графички дизајн на визуелен идентитет и промотивни материјали на Центар за менаџирање на знаења и вештини е до 21 декември 2018 година (петок), до 15:00 часот.

Документи