Покана за Осмиот Меѓународен конгрес (Металургија, материјали, животна средина – ММЕ) во Охрид, Македонија, 30.05-03.06.2018. Конгресот е организиран од Сојузот на металурзи на Македонија и Технолошко-металуршкиот факултет со поддршка на владините институции и македонската индустрија. http://www.tmf.ukim.edu.mk/cmum18/Повеќе →

Од 07.06.2018 до 09.06.2018 во Скопје, во организација на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) и коорганизација на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”, Градежниот факултет при УКИМ, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија ќе се одржи XVI Европска подунавска конференција за геотехника. Почесен покровител е Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија.Повеќе →

Трилатерална средба на претставници од Инженерската институција на Македонија со колеги од Бугарската федерација на научни и технички асоцијации (http://fnts.bg/en/) и Сојузот на инженери и техничари на Србија (http://sits.org.rs/) на 29.03.2018 година во Софија. Средбата се одржа по повод обележувањето на 125 годишниот јубилеј на Бугарската федерација на научно технички сојузи. Трите организации се договорија за конинурана соработка на заеднички проекти од значење за инженерството.    Повеќе →

На 6 јуни 2017 година свечено беше врачено признанието “Инженерски прстен”. Свеченоста беше одржана во Св. Наум, Охрид.Повеќе →

Конференцијата е организирана за прв пат во регионот и нејзина цел е да се подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во енергетскиот сектор, идентификување на стратегии и програми за забрзување на рамнотежата меѓу половите и да служи како платформа за споделување знаење и искуства за лидерите, вработените и стручните лица од енергетскиот сектор. Исто така, конференцијата ќе служи и како катализатор за размена на знаења и соработка, додека се создаваат релации и професионални мрежи.Повеќе →

Доделени признанијата на најдобрите дипломци Со цел да се промовира и потикне афирмативен однос кон знаењето како еден од клучните елементи за личен општествен и цивилизациски развој, Инжинерската институција на Македонија секоја година им доделува на најдобрите дипломирани студенти од факултетите коишто негуваат инженерски дисциплини, Инженерски прстен.Повеќе →

Во оваа јубилејна година, ИМИ доби ново раководство на Седмото изборно генерално собрание што се одржа на 29 март 2016. Во присуство на 26 од 30 делегати од 15 здруженија, членки на ИМИ, се избраа органите на Институцијата што ќе ја водат во наредниот четиригодишен период.   Претседател на ИМИ Д-р Христина Спасевска , редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Униврезитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје и претседател на Здружението на инженерите по физика. Проф.Повеќе →