На 6 јуни 2017 година свечено беше врачено признанието “Инженерски прстен”. Свеченоста беше одржана во Св. Наум, Охрид.Повеќе →

ИМИ ДЕНЕС Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови. Инженерската институција на Македонија е единствена професионална, вонпартиска и непрофитна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија. Таа ја црпи својата енергија токму од волонтерскиот ангажман и преданоста на група истакнати инженери, стручњаци и универзитетски професори,Повеќе →

Конференцијата е организирана за прв пат во регионот и нејзина цел е да се подигне свеста за важноста на родовата рамнотежа во енергетскиот сектор, идентификување на стратегии и програми за забрзување на рамнотежата меѓу половите и да служи како платформа за споделување знаење и искуства за лидерите, вработените и стручните лица од енергетскиот сектор. Исто така, конференцијата ќе служи и како катализатор за размена на знаења и соработка, додека се создаваат релации и професионални мрежи.Повеќе →

Доделени признанијата на најдобрите дипломци Со цел да се промовира и потикне афирмативен однос кон знаењето како еден од клучните елементи за личен општествен и цивилизациски развој, Инжинерската институција на Македонија секоја година им доделува на најдобрите дипломирани студенти од факултетите коишто негуваат инженерски дисциплини, Инженерски прстен.Повеќе →

Инженерската институција на Македонија и Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје организираат: Работилница “The role of CEI to enhance cooperation of Western Balkan Countries on green energy production”.Повеќе →