За ИМИ

Инженерска институција на Mакедонија (ИМИ) е единствена професионална, неполитичка и непрофита-билна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија. Здружувањето на инженерите од Република Македонија во професионална организација датира од февруари 1946 година кога беше формиранo Друштвото на инженерите и техничарите на Македонија (ДИТМ), кое по десетина години го промени името во Сојуз на инженерите и техничарите на Македонија (СИТМ).
 Инженерската институција на Македонија го следи, стимулира и координира развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија, како заложба што произлегува од потребите и интересите на нејзините членови.

Во Инженерската институција на Македонија активно членуваат 20 струкови здруженија од сите инженерски области.

Инженерската институција на Македонија е регистрирана согласно Законот на здруженија на граѓани и фондациите и согласно статутот, ја има следната организациска структура:

  • Генерално собрание – во кое по претставнички принцип учествуваат по двајца члено-ви од секое здружение;
  • Претседател;
  • Потпретседател;
  • Генерален секретар;
  • Управен одбор составен од девет члена, меѓу кои се и претседателот, потпретседате-лот и генералениот секретар на Институцијата;
  • Надзорна комисија составена од пет члена;
  • Претседателски совет во кој членуваат претседателите на здруженијата – членки на Инженерската институција на Македонија.Како посебен ентитет во Институцијата е Клубот на носители на инженерскиот прстен, формиран во 2015 година. Со Генералното собрание и со Управниот одбор раководи Претседа-телот на Инженерската институција на Македонија.

 

Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерската институција на Македонија ја доби „Повелбата на Република Македонија“ од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 70 години од основањето. Иницијатива за доделување на ова највисоко национално признание на ИМИ поднесе Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Повелбата, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ја врачи на 10.11.2016 година во „Вила Водно“, каде што присуствуваа претставници на членките на ИМИ, ректори и декани, носители на Инженерскиот прстен, претставници на компании и други видни гости.

Според претседателот Иванов, Повелбата на Република Македонија „ќе биде мотив повеќе за натамошно успешно творење во своите области на сите членови на Асоцијацијата и ќе биде и импулс за натамошен развој и афирмација на македонското инженерство и, воопшто, македонската наука“.

Од името на 20-те здруженија, кои ја сочинуваат Инженерската институција на Македонија, се заблагодари д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија. За неа, признанијата значат потврда за минат труд, но претставуваат поттик и одговорност да се продолжи понатаму во создавањето нови вредности.

Инженерската институција во изминатите 70 години секогаш била, е и ќе остане единствена професионална, неполитичка и непрофитабилна организација, која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија.