Краток опис на проектот:
ПРОГРАМА НА КОЈА СЕ АПЛИЦИРА: | INTERREG IPA CBC Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020 |
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ СО АКРОНИМ: (на англиски јазик) | Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources |
НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ СО АКРОНИМ: (на македонски јазик) | Сигурен прекуграничен транспорт на опасни материи – СТРАС |
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: | 2 години |
ПАРТНЕРИ ОД ЕУ: | Александар – Технолошки Институт од Солун, Р. Грција Грчка комисија за атомска енергија, Р. Грција Аристотел Универзитет од Солун, Р. Грција |
ПАРТНЕРИ ОД РМ: | Дирекција за заштита и спасување УКИМ – Машински факултет – Скопје Инженерска институција на Македонија |
Раководител на проектот за ИМИ | Д-р Милорад Јовановски, редовен професор |
Основната идеја на проектот се појавува од зголемената грижа на меѓународната заедница од таканаречената валкана бомба и нејзиното произвоатво од страна на терористички групи. Оваа проблематика станува многу актуелна особено по страшните терористики напади во Брисел и извештаите кои прикажуваат дека се работело на собирање радиоактивни материјали за производство на валкана бомба.
Грција и Република македонија од 2004 имаат поставен монитор за за радијација на меѓусебната граница, во случај да треба да се спречи ваков развој.
Проблемите во соработката помеѓу двете страни се во процедурите и начините на соработка поради кои некогаш настанува одолговлечување на постапките за превоз на карго роба. Познато е дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите во развој е превозот на радиоактивна стока , особено нелегален транспорт на радиоактивен материјал.
Проектот се занимава со зелен транспорт и еден од најголемите предизвици е намалување на ризиците поврзани со загадување од опасни материи.
Проектот има поставено идеја и цел кон воспоставување на опен дата концепт за подобрување на слободната комуникација помеѓу партнерите воспоставување лесен простап до потребните информации.
Предизвици со кои треба да е соочиме се:
Главни групи кон кои е насочен проектот се: царината, граничната полиција, возачите, активните граѓани, групи кои се занимаваат со јавното здравје, локалните заедници и сл.
Проектот “TRAINEE” ги планира своите активности од појдовната претпоставка дека сите засегнати страни се подготвени да учествуваат во зајакнувањето на градежниот сектор со цел обезбедување повисоки стандарди на енергетска ефикасност.
Целокупниот концепт на “TRAINEE” е во поддршка на градежниот сектор преку обезбедување квалификувана работна сила со вештини за ЕЕ и ОИЕ и во примена на мерки за координирање на активностите за препознавање и прифаќање на вештините за ЕЕ од страна на клучни актери на пазарот во градежниот сектор.
Пристапот е во спроведување на базични мерки кон остварување на повисоката цел кои ќе ја зголемат побарувачката на згради со подобрени енергетски карактеристики, како и препознавање на вештините за ЕЕ на професионалните работници од страна на малите и средни претпријатија (инвеститори, компании и професионални здруженија). Причината за ова е тоа што градежништвото како високо регулирана индустрија, со примена на обратниот пристап од горе кон долу, т.е. од усвојување владини политики, закони и нивно спроведување, дава сепак ограничени резултати. Вклучувањето на релевантни страни од пазарот на градежните услуги очекувано ќе придонесе кон одобрување на законодавството и негова имплементација.
Повеќе информации на следниот линк:
http://trainee-mk.eu/?fbclid=IwAR1HBrte05dDqh-4frn00Sc5uboew0LBZFxnDJ_4PYOLMPaAAXX-ziPPqoo