Проектот “TRAINEE” ги планира своите активности од појдовната претпоставка дека сите засегнати страни се подготвени да учествуваат во зајакнувањето на градежниот сектор со цел обезбедување повисоки стандарди на енергетска ефикасност.

Целокупниот концепт на “TRAINEE” е во поддршка на градежниот сектор преку обезбедување квалификувана работна сила со вештини за ЕЕ и ОИЕ и во примена на мерки за координирање на активностите за препознавање и прифаќање на вештините за ЕЕ од страна на клучни актери на пазарот во градежниот сектор.

Пристапот е во спроведување на базични мерки кон остварување на повисоката цел кои ќе ја зголемат побарувачката на згради со подобрени енергетски карактеристики, како и препознавање на вештините за ЕЕ на професионалните работници од страна на малите и средни претпријатија (инвеститори, компании и професионални здруженија). Причината за ова е тоа што градежништвото како високо регулирана индустрија, со примена на обратниот пристап од горе кон долу, т.е. од усвојување владини политики, закони и нивно спроведување, дава сепак ограничени резултати. Вклучувањето на релевантни страни од пазарот на градежните услуги очекувано ќе придонесе кон одобрување на законодавството и негова имплементација.

Повеќе информации на следниот линк:

http://trainee-mk.eu/?fbclid=IwAR1HBrte05dDqh-4frn00Sc5uboew0LBZFxnDJ_4PYOLMPaAAXX-ziPPqoo