Избор на млад инженер на годината
Драги млади инженери до (вклучувајќи и) 35 години,
Инженерската институција на Македонија по повод 21 март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2025 година.
Критериуми по кои се избира млад инженер на годината се:
– постигнати инженерски резултати во 2025 година
– лидерство и инспирација на младите;
– креативност и иновативност;
– споделување на знаење и ангажирање во заедницата;
– општествено и етичко влијание на околината.
Повикот е отворен до 8.2.2026 година.
Пријавете се на линкот
