За Нас

Мисија

Координирање на развојот на сите полиња од инженерската наука и струка, на инженерската практика и технологија, преку опфат и заедничко дејствување на сите инженерски кадри, со цел да се биде носител на технолошкиот развој на државата и пошироко.

Визија

Да ги поттикнува и мотивира младите во развојот на инженерството за да бидат фронт во глобалниот иновациски натпревар во светот, подобрувајќи го квалитетот и начинот на живеење.

Историјат

  • 1920 – Здружение на Југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје

  • 1946 – Друштво на инженери и техничари на Македонија

  • 1951 – Подружниците на Друштвото на инженери и техничари на Македонија прераснуваат во Републички струкови друштва на инженери и техничари

  • 1956 – Друштвото инженери и техничари на Македонија се преименува во Сојуз на инженери и техничари на Македонија

  • 1962 – Се основа Суд на честа

  • 1991 – Сојуз на инженерите и техничарите на Македонија, самостоен Сојуз во република Македонија

  • 1994 – Преименување на Сојуз на инженерите и техничарите на Македонија во Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија

  • 1996 – Златен јубилеј и Прв број на списанието Инженерство

  • 1998 – Институција на инженерско научни друштва и сојузи на Република Македонија се преименува во Асоцијација на здруженија на на инженери- Инженерска институција на Македонија

  • 2004 – Прво доделување на признанието Инженерски прстен

  • 2010 – Инженерска институција на Македонија станува полноправна членка на Асоцијација на европски национални инженерски организации

  • 2015 – Се основа Клуб на носители на инѓенерски прстен

  • 2016 – Доделена Повелба на Република Македонија по повод 70 години од основањето како професионална научно-стручна организација, а особено за постигнатите резултати во стимулирањето и координирањето на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија

  • 2018 – Се основа Клуб на млади инженер

  • 2018 – Инженерска институција на Македонија станува полноправна членка на Европската организација на млади инженери

  • 2020 – Инженерска институција на Македонија обележа 100 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, согласно член 3 од Статутот на Инженерската институција на како следбеник на традицијата за струкови и еснафско организирање на инженерите од 21 март 1920 година до денес.

  • 2024 – Инженерска институција на Македонија на своето генерално собрание одржано на 21 март 2024 година донесе одлука 21 март да се прогласи за национален ден на инженерите.

Организациска структура

Органи

Андреј Лепавцов

претседател

Александар Ристески

ЗАМЕНИК претседател

Дарко Наков

генерален секретар

Членови

Азир
Алиу

Ангел
Ситновски

Зоран
Панов

Иван
Бановски

Лихнида
С. Георгиевска

Љупчо
Петковски

Марија
Календар

Стојан
Спасевски

Надзорна комисија

Ристо
Јаневски

Александар
Манчевски

Благој
Гајдарџиски

Даме
Димитровски

Катарина
Тројачанец Динева

Претседателски совет

Борко
Алексоски

Валентино
Констатиновски

Горан
Мијоски

Горан
Начевски

Горан
Сарафимов

Даме
Димитровски

Дарко
Наков

Дарко
Спасеновски

Емилија
Зумрова

Зоран
Здравковски

Игор
Пешевски

Катарина
Тројачанец Динева

Љупчо
Караџинов

Љупчо
Петковски

Маргарита
Гиновска

Марија
Календар

Симона
Николова

Христина
Спасевска

Тела

Клуб на млади инженери

Симона Николова

претседател

Емилија Наумоска

потпретседател

Стојана Меган Милошевска

Генерален секретар

Дијана Кузманова

Координатор за односи со јавност

Клуб на носители на инженерски прстен

Јорданка Чанева

претседател

Моника Стојанова

потпретседател

Леарт Таравари

генерален секретар

Тамара Георгиевска

Член од новите носители

Благој Шурбевски

Член од новите носители

Членки

Асоцијација на архитекти на Македонија

Асоцијација за информатички и комуникациски технологии ИКТ – АКТ

Друштво за геотехника на Македонија

Друштво за патишта на Република Македонија

Друштво на градежни конструктори на Македонија

Здружение за електроника, телекомуникации, автоматика и информтика ЕТАИ

Здружение за истражување и развој ИНСТИТУТ ЗА ГАСНА ТЕХНИКА од Скопје

Здружение на енергетичарите на Македонија ЗЕМАК

Здружение на инженери по физика

Здружение на металурзи на Македонија

Здружение на рударски и геолошки инженери на Република Македонија

Здружение на сообраќајни инженери на Македонија – ЗСИМ

Македонски Комитет за Големи Брани - ЗМКГБ

Македонско здружение за енергетска електроника, погони и управување МАКЗЕЕПУ

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

ФУЕЛ - центар за истражување на горива, мазива и мотори

Центар за менаџирање на знаење и вештини К&С центар

Здружение за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР