Генерално собрание на Engineers Europe
Претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов, имаше активно учество на Генералното собрание на Engineers Europe, кое се одржа во Малага, Шпанија на 22 мај 2026.
На собранието присуствуваа претставници на инженерски организации од цела Европа, каде се разгледуваа актуелни прашања поврзани со развојот на инженерската професија, меѓународната соработка, инженерското образование и улогата на инженерите во современите општествени и технолошки предизвици.
Учеството на Инженерската институција на Македонија претставува значаен придонес во зајакнувањето на меѓународната соработка и афирмацијата на македонското инженерство во европски рамки.


