ИМИ и VDL Bus Macedonia – партнерство за нови инженерски перспективи

Инженерската институција на Македонија (ИМИ) и VDL Bus Macedonia – ВДЛ Бус Македонија потпишаа договор за соработка, отворајќи нови можности за поврзување на инженерското знаење, индустриското искуство и младите инженерски таленти.

Како компанија со богато инженерско наследство и експертиза во производството на автобуси од светски познатиот бренд Van Hool, VDL Bus Macedonia ја потврдува улогата на инженерството како движечка сила на иновациите, технолошкиот напредок и современата индустрија.

Со ова партнерство, ИМИ и VDL Bus Macedonia создаваат основа за размена на знаења и искуства, поврзување на академската заедница со индустријата и развој на иницијативи што ќе им овозможат на младите инженери нови можности за практично усовршување и професионална афирмација.

Кога инженерското знаење се поврзува со индустриското искуство, се отвораат нови можности за развој, иновации и иднината на инженерската професија.

#MoveTogether

Similar Posts