Oдржан студентски натпревар “Smart Energy Station”
На почетокот на февруари се одржа студентски натпревар “Smart Energy Station”, во организација на Инженерската институција на Македонија и Клубот на млади инженери, а поддржан oд ОКТА. Натпреварот имаше за цел да ги поттикне студентите од техничките факултети да понудат иновативни и технички изводливи решенија за трансформација на класичните бензински станици во паметни и одржливи енергетски станици.
Во финалната фаза беа претставени и наградени трите најдобри проекти, во кои студентите презентираа креативни концепти, демонстрирајќи знаење, визија и инженерска храброст:
🥇 Three Vision
🥈 Future Fuel
🥉 ZeroStaff Energy Hub
Им честитаме на сите учесници за вложениот труд, квалитетните презентации и инспиративните идеи за енергетската иднина.. Натпреварот имаше за цел да ги поттикне студентите од техничките факултети да понудат иновативни и технички изводливи решенија за трансформација на класичните бензински станици во паметни и одржливи енергетски станици.




