Дигитални алатки за проекитрање и инсталирање на сончеви топлински колекторски ситеми

Опис на програматаСодржината на програмата за обука е наменета за запознавање и оспособување на слушателите со актуелните алатки задигитално моделирање и проектирање на сончеви топлински колектрорски системи. Таа вклучува детален прегледна актулените познавања за системите за искористување на сончевата топлинска енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, со цел стекнување со солидни теориски основи за проектирање и инсталирање на сончеви топлински колекторски системи. Користењето на дигитални алатки и соодветен софтвер при проектирање, планирање на правилно инсталирање и одржување на сончевите топлински колекторски системи, земајќи ги во предвид карактеристиките на компонентите и на системите со цел нивно правилно димензионирање, е посебна цел на програмата за обука. Обуката вклучува преглед на актулените достапни софтверски алатки и практична примена на истите на поединечни студии на случај. Програмата има за цел да ги обучи кандидатите за користење на дигитални алатки за проектирање и инсталирање на сончеви топлински колекторски системи.
Максимален број на учесници по група10
Вкупно слободни места40
План на обуката– Теоретска настава: 6 часови
– Практична настава: 14 часови
Времетраење5 термини
Термини за почеток на обуката31 август, 28 септември, 13 октомври, 9 ноември
Начин на изведување на обукатаОнлајн/Училница
Предуслови за следење на обукатаОсновни познавања од обновливите извори на енергија
Вкупен износ на обуката20000 денари
Доплата10000 денари
Број на рати2
Цена на рата5000 денари
Во цената на обуката е вклучено– Учебни материјали
– Посета на пилот постановка на топлински колекторски систем
СертификатСертификатот е потврда за стекнатите знаења, вештини, способности и компетенци и издаден од Инженерската институција на Македонија
Содржина– Вовед во сончеви топлински колекторски системи и типови на колектори и системи
– Дигитални алатки за проектирање на сончеви термални колекторски системи
– Технички процедури при проектирање на сончеви термални колекторски системи
– Дизајн на хибридни ПВ/СТ системи
– Техноекономска анализа за аспекти од здравје и безбедност

Предавачи

  • Вон. проф. д-р Игор Шешо
  • Проф. д-р Христина Спасевска
  • Проф. д-р Маргарита Гиновска
  • Доц. д-р Ивана Сандева
  • Асс. м-р Александар Крлески
  • Инг. Илија Чулев

Similar Posts