Дигитални алатки за проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи

Опис на програматаСодржината на програмата за обука е наменета за запознавање и оспособување на слушателите со актуелните алатки за дигитално моделирање и проектирање на фотоволтаичните системи.
Таа вклучува детален преглед на актулените познавања за системите за фотоволтаична конверзија на сончевата енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, со цел стекнување со солидни теориски основи за проектирање и инсталирање на фотоволтаичните системи.
Користењето на дигитални алатки и соодветен софтвер при проектирање, планирање на правилно инсталирање и одржување на фотоволтаичните системи, земајќи ги во предвид карактеристиките на компонентите и на системите со цел нивно правилно димензионирање, е посебна цел на програмата за обука.
Обуката вклучува преглед на актулените достапни софтверски алатки и практична примена на истите на поединечни студии на случај. Програмата има за цел да ги обучи кандидатите за користење на дигитални алатки за проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи.
Максимален број на учесници по група10
Вкупно слободни места80
План на обуката– Теоретска настава: 6 часови
– Практична настава: 14 часови
Времетраење5 термини
Термини за почеток на обуката17 август, 31 август, 14 септември, 28 септември, 13 октомври, 26 октомври, 9 ноември, 23 ноември
Начин на изведување на обукатаОнлајн/Училница
Предуслови за следење на обукатаОсновни познавања од обновливите извори на енергија
Вкупен износ на обуката22000 денари
Доплата11000 денари
Број на рати2
Цена на рата5500 денари
Во цената на обуката е вклучено– Учебни материјали
– Посета на пилот постановка на фотоволаична електрана
СертификатСертификатот е потврда за стекнатите знаења, вештини, способности и компетенци и издаден од Инженерската институција на Македонија
Содржина– Основи на фотоволтаици модули и други компоненти на самостојни и системи врзани во мрежа
– Софтвер за димензионирање, дизајн и симулирање
– Планирање и анализа на локација
– Систем за монтирање и интегрирање, инсталирање, надзор и употреба
– Процедури за набавка, аспекти од здравје и безбедност при работа

Предавачи

  • Д-р Ристо Јаневски
  • Проф. д-р Христина Спасевска
  • Проф. д-р Маргарита Гиновска
  • Асс. м-р Александар Крлески
  • М-р Николина Шутиноска
  • М-р Билјана Читкушева Димитровска
  • М-р Стојан Спасевски
  • М-р Тина Манолева
  • Инг. Христо Никодиноски
  • Кристина Јаневска

Similar Posts