Вовед во БИМ – дигитални алатки во градежната индустрија

Опис на програматаПрограмата за обука е дизајнирана да им обезбеди на архитектите и градежните инженери стекнување со дигитални вештини и техничко знаење што ги бараат и инвеститорите и енергетската политика на ЕУ за дигитализација на градежната индустрија и мерливи заштеди на енергија преку воведување на БИМ (Информатичко моделирање на градби).
 Наставната програма на обуката се фокусира на развој на основни БИМ вештини и стратегии за решавање проблеми. Создавање и модификација на БИМ модели и елементи во 3Д параметарска БИМ околина е високо професионална активност која бара не само специјално знаење од областа на градежништвото, туку и вештини за користење специјализиран софтвер со кој се овозможува користење на БИМ.
Правилно креираниот елемент е важен предуслов за понатамошна употреба на информации добиени од БИМ моделот и целосно истражување на потенцијалот на БИМ. Затоа, од суштинско значење е практичарите да научат не само за теоријата на БИМ, туку неопходно е да научат како да работат со специјализиран софтвер за да се гарантира точноста и комплетноста на сите достапни информации за елементите кои го чинат објектот.
Максимален број на учесници по група10
Вкупно слободни места20
План на обуката– Теоретска настава: 6 часови
– Практична настава: 14 часови
Времетраење5 термини
Термини за почеток на обуката26 октомври
Начин на изведување на програматаОнлајн/Училница
Предуслови за следење на обукатаОсновни познавања од обновливите извори на енергија
Вкупна износ на обуката26000 денари
Доплата13000 денари
Број на рати2
Цена на рата6500 денари
Во цената на обуката е вклучено– Учебни материјали
СертификатСертификатот е потврда за стекнатите знаења, вештини, способности и компетенци и издаден од Инженерската институција на Македонија
Содржина– Вовед во теоријата за БИМ (технологија и интероперабилност, улогата наразлични професионални групи, потребна информациска технологија и системски барања, БИМ договори)
– Развој на вештини за примена на БИМ (вовед во моделирање на информации, надгледување, проектирање, управување со процесот на градење, примена на различни платформи)
– Енергетски карактеристики на градба (Теорија на енергетски карактеристики,системи за искористување на енергија од ОИЕ, анализа на топлински мостови)

Предавачи

  • Проф. д-р Томаш Фунтик
  • Проф. Томо Черовшек
  • Проф. Лихнида Стојановска Георгиевска
  • Доц. д-р Ивана Сандева
  • Асс. м-р Александар Крлески
  • М-р Саша Хаџи Јорданова
  • М-р Тамара Јовановска
  • Инг. Неџат Бајрами

Similar Posts