Организиран првиот технички камп за новите генерации инженери.

ЕВН Македонија, во соработка со Инженерска Институција на Македонија / Engineering Institution of Macedonia и Клубот на млади инженери – KMI, ја имаше честa да го организира првиот технички камп за новите генерации инженери.

На кампот учествуваа 30 студенти, кои имаа можност одблизу да се запознаат со работата на една современа енергетска компанија.

Настанот свечено го отворија Управителот на Електродистрибуција, г.

Матијас Шајбелрајтер и Раководителот на Човечки ресурси и организација, г. Фисник Осеку, во главната дирекција на ЕВН, каде на кратко ја претставија компанијата, нејзиното работење и клучните активности пред присутните.

На настанот се обрати и Заменик-претседателот на Инженерската институција, г. Александар Ристески, кој изрази благодарност за иницијативата на ЕВН за организирање на технички камп и поддршката што ја дава на младите инженери.

Во периодот од 15 до 16.04, учесниците го посетија Техничкиот Тренинг Центар на ЕВН во Македонски Брод, каде преку директни презентации од колеги од различни оддели добија реален увид во секојдневната работа, како и во предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор.

Во продолжение дел од атмосферата од Tech Camp 2026, настан кој ги обедини младите инженери, идеите и практичните искуства на едно место.

Similar Posts