Вовед во БИМ – дигитални алатки во градежната индустрија
Опис на програмата | Програмата за обука е дизајнирана да им обезбеди на архитектите и градежните инженери стекнување со дигитални вештини и техничко знаење што ги бараат и инвеститорите и енергетската политика на ЕУ за дигитализација на градежната индустрија и мерливи заштеди на енергија преку воведување на БИМ (Информатичко моделирање на градби). |
Наставната програма на обуката се фокусира на развој на основни БИМ вештини и стратегии за решавање проблеми. Создавање и модификација на БИМ модели и елементи во 3Д параметарска БИМ околина е високо професионална активност која бара не само специјално знаење од областа на градежништвото, туку и вештини за користење специјализиран софтвер со кој се овозможува користење на БИМ. | |
Правилно креираниот елемент е важен предуслов за понатамошна употреба на информации добиени од БИМ моделот и целосно истражување на потенцијалот на БИМ. Затоа, од суштинско значење е практичарите да научат не само за теоријата на БИМ, туку неопходно е да научат како да работат со специјализиран софтвер за да се гарантира точноста и комплетноста на сите достапни информации за елементите кои го чинат објектот. | |
Максимален број на учесници по група | 10 |
Вкупно слободни места | 20 |
План на обуката | – Теоретска настава: 6 часови |
– Практична настава: 14 часови | |
Времетраење | 5 термини |
Термини за почеток на обуката | 26 октомври |
Начин на изведување на програмата | Онлајн/Училница |
Предуслови за следење на обуката | Основни познавања од обновливите извори на енергија |
Вкупна износ на обуката | 26000 денари |
Доплата | 13000 денари |
Број на рати | 2 |
Цена на рата | 6500 денари |
Во цената на обуката е вклучено | – Учебни материјали |
Сертификат | Сертификатот е потврда за стекнатите знаења, вештини, способности и компетенци и издаден од Инженерската институција на Македонија |
Содржина | – Вовед во теоријата за БИМ (технологија и интероперабилност, улогата наразлични професионални групи, потребна информациска технологија и системски барања, БИМ договори) |
– Развој на вештини за примена на БИМ (вовед во моделирање на информации, надгледување, проектирање, управување со процесот на градење, примена на различни платформи) | |
– Енергетски карактеристики на градба (Теорија на енергетски карактеристики,системи за искористување на енергија од ОИЕ, анализа на топлински мостови) |
Предавачи
- Проф. д-р Томаш Фунтик
- Проф. Томо Черовшек
- Проф. Лихнида Стојановска Георгиевска
- Доц. д-р Ивана Сандева
- Асс. м-р Александар Крлески
- М-р Саша Хаџи Јорданова
- М-р Тамара Јовановска
- Инг. Неџат Бајрами