Дигитални алатки за проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи
| Опис на програмата | Содржината на програмата за обука е наменета за запознавање и оспособување на слушателите со актуелните алатки за дигитално моделирање и проектирање на фотоволтаичните системи. |
| Таа вклучува детален преглед на актулените познавања за системите за фотоволтаична конверзија на сончевата енергија, со опфаќање на актуелните материјали и техники за нивно инкорпорирање, со цел стекнување со солидни теориски основи за проектирање и инсталирање на фотоволтаичните системи. | |
| Користењето на дигитални алатки и соодветен софтвер при проектирање, планирање на правилно инсталирање и одржување на фотоволтаичните системи, земајќи ги во предвид карактеристиките на компонентите и на системите со цел нивно правилно димензионирање, е посебна цел на програмата за обука. | |
| Обуката вклучува преглед на актулените достапни софтверски алатки и практична примена на истите на поединечни студии на случај. Програмата има за цел да ги обучи кандидатите за користење на дигитални алатки за проектирање и инсталирање на фотоволтаични системи. | |
| Максимален број на учесници по група | 10 |
| Вкупно слободни места | 80 |
| План на обуката | – Теоретска настава: 6 часови |
| – Практична настава: 14 часови | |
| Времетраење | 5 термини |
| Термини за почеток на обуката | 17 август, 31 август, 14 септември, 28 септември, 13 октомври, 26 октомври, 9 ноември, 23 ноември |
| Начин на изведување на обуката | Онлајн/Училница |
| Предуслови за следење на обуката | Основни познавања од обновливите извори на енергија |
| Вкупен износ на обуката | 22000 денари |
| Доплата | 11000 денари |
| Број на рати | 2 |
| Цена на рата | 5500 денари |
| Во цената на обуката е вклучено | – Учебни материјали |
| – Посета на пилот постановка на фотоволаична електрана | |
| Сертификат | Сертификатот е потврда за стекнатите знаења, вештини, способности и компетенци и издаден од Инженерската институција на Македонија |
| Содржина | – Основи на фотоволтаици модули и други компоненти на самостојни и системи врзани во мрежа |
| – Софтвер за димензионирање, дизајн и симулирање | |
| – Планирање и анализа на локација | |
| – Систем за монтирање и интегрирање, инсталирање, надзор и употреба | |
| – Процедури за набавка, аспекти од здравје и безбедност при работа |
Предавачи
- Д-р Ристо Јаневски
- Проф. д-р Христина Спасевска
- Проф. д-р Маргарита Гиновска
- Асс. м-р Александар Крлески
- М-р Николина Шутиноска
- М-р Билјана Читкушева Димитровска
- М-р Стојан Спасевски
- М-р Тина Манолева
- Инг. Христо Никодиноски
- Кристина Јаневска
