Реализиран настан по повод Денот на македонските инженери – „Млади инженери-визија и знаење што ја обликуваат иднината“.

Клубот на млади инженери, заедно со факултетските студентски собранија oд инженерските факултети, успешно реализираше настан по повод Денот на македонските инженери – „Млади инженери-визија и знаење што ја обликуваат иднината“.

Преку конструктивна дискусија беа отворени важни теми за професионалниот развој на младите инженери, со посебен акцент на потребата од поврзување на студентите со индустријата и практичната работа.

Во рамките на настанот беше потпишан Меморандум за соработка со што се поставува основата за подлабока и координирана соработка, како и иницирано заедничко Писмо на младите инженери, кое ќе биде доставено до релевантните институции, со цел унапредување на условите за развој на младите инженери во државата.

👉 Се надеваме дека ова е почеток на успешна соработка и реализација на заеднички настани, проекти и иницијативи во интерес на младите инженери.

Similar Posts